Торта од ореви и јаболка: Ништо повкусно не сте пробале

Торта од ореви и јаболка: Ништо повкусно не сте пробале

Одлична домашна торта…

Состојки:

  • 2 јаболка, излупени и исечкани на коцки
  • сок од половина лимон
  • 200 гр шеќер
  • 150 гр грубо сечкани ореви
  • 200 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 3 јајца
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Јаболката исчистете ги и исечкајте ги. Ставете во огноотпорен сад па по нив исцедете половина лимон. Додајте шеќер и измешајте. Поклопете и оставете во фрижидер на половина час.
  2. Во друга чинија измешајте ореви, брашно и прашок за печиво. Во јаболката кои отстоиле додајте 3 жолчки, па измешајте. Потоа смесата од брашно и ореви па измешајте.
  3. Во посебен сад ставете белки со малку сол. Добиениот шам префрлете го во смесата па измешајте. Печете околу половина час на 200 степени.
  4. Кога ќе се испече, посипете со малку шеќер.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text