Брзи и неодоливи чоколадни мафини

Брзи и неодоливи чоколадни мафини

Фантастични слатки залаци.

Состојки:

  • 240 мл вода
  • 80 мл масло
  • 150 гр шеќер
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 190 гр брашно
  • 30 гр какао
  • 1 лажичка сода бикарбона или прашок за печиво
  • 1 лажица оцет

Останати состојки:

  • шеќер во прав
  • чоколадна глазура
  • овошје
  • сладолед

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете вода, масло, оцет, шеќер, ванилин шеќер. Додајте просеано брашно со како и сода. Соединете со миксер.
  2. Во калап за мафини ставете масни корпички за печење и ставете ја смесата. Од оваа смеса ќе добиете 11 мафини. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Мафините можете да ги посипите со шеќер во прав, чоколадна глазура, или да ги послужите со овошје или сладолед.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text