Шпански омлет

Шпански омлет

За овој вкусен појадок не ви требаат повеќе од 20 минути.

Состојки:

  • 5 излупени компири
  • 1 главица кромид, ситно сечкан
  • маслиново масло, за пржење
  • 5 големи јајца
  • сол
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Компирите исечкајте ги на кришки и во сад измешајте го кромидот и компирот, посолете по вкус и измешајте.

     

  2. Во поголема тава загрејте го маслото и на умерен оган пропржете го кромидот и компирот.

     

  3. Изматете ги јајцата. Кога зеленчукот е готов, прелијте со јајцата, по неколку минути нежно превртете го омлетот и пржете уште неколку минути на тивок оган додека не биде готов.

     

  4. На крај посипете со сечкан свеж магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text