Пржена пита полнета со сирење

Пржена пита полнета со сирење

За доручек или вечера – направете полнета пржена пита.

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 1 јајце
  • малку масло
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 450-500 гр брашно
  • 15 гр квасец

Начин на подготовка:

  1. Квасецот издробете го во млеко, додајте шеќер, па кога ќе надојде додајте јајце, масло, брашно, сол и замесете меко тесто.
  2. Оставете да одмори 30 минути, па поделете го на 4 дела, малку премесете и покријте да одмори. Секое топче развлечете го со големина 20 см.
  3. Полнете со сирење во кое сте додале 1 жолчка и малку листови магдонос. Развлечете друго топче, прекријте преку првото и добро притиснете ги рабовите.
  4. Оставете да одморат 15 минути покриени, па пржете ги во масло.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text