Путер колач со цели ореви: Десерт за уживање

Путер колач со цели ореви: Десерт за уживање

Десерт кој ќе го обожавате, а сите состојки ги имате во шпајз.

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 16 гр прашок за печиво
  • 80 гр кафеав шеќер
  • 80 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 125 гр путер
  • 80 мл млеко
  • ореви

Начин на подготовка:

  1. Измешајте половина од количината брашно со шеќер и прашок за печиво. Додадете го путерот. Потоа соединете малку со раце, па додадете ги јајцата и млекото. Промешајте и додадете го остатокот од брашното. 
  2. Замесете тесто и завиткајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер 2 часа. Обликувајте ваљак и исечете го на парчиња со дебелина од 2 прста. Редете во плех обложен со хартија за печење. На секое парче ставете по еден цел орев. 
  3. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Кога ќе бидат готови, посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text