Крцкави залаци од мелено месо полни со растопен кашкавал…
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 2 помали главици кромид
- 3 лажици презла
- 2 цели јајца
- сув зачин
- 1 рамна лажица бибер
- 2 чешниња лук
- 8 стапчиња тврдо сирење (околу 150 гр)
- 1 јајце
- брашно
- презла за поховање
Начин на подготовка:
- Во меленото месо додајте ситно исечкан или сомелен кромид, изгмечен лук, јајца и презла, па масата добро измешајте ја и соединете ја. Поделете го месото на 8 еднакви делови па секој дел развлечете го на дланка, во средина ставете стапче сирење и околу него замотајте го месото, па со дланка дополнително обликувајте.
- Ставајте ги ролните на тацна посипена со брашно за да не се залепат. Печете ги рамномерно од сите страни, околу 20 минути. Похованите ролни ставајте ги на хартиена салфета, па послужете ги топли.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна