Мафини гибаница за само 20 минути

Мафини гибаница за само 20 минути

Мафини гибаница за само 20 минути.

Состојки:

  • 12 кори за пита
  • 250 гр сирење
  • 3 јајца
  • масло по потреба
  • 1 мала шолја кисела вода
  • 200 гр спанаќ
  • прашок за печиво
  • сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Разматете две јајца, па измешајте ги со иситнето сирење и ситно исечкан спанаќ. Во друг сад измешајте вода, прашок за печиво и сол. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете калапи за мафини со масло.
  2. Половина од секоја кора пропрскајте со вода во која има прашок за печиво, згужвајте, потопете во мешавина од јајца, сирење и спанаќ, па замотајте ја во сувата половина од кората, како топка.
  3. Секоја топка спуштајте ја во намастени калапи за мафини, од горе премачкајте со јајце и по желба посипете со сусам и посолете. Печете околу 20-25 минути или додека не добие златна боја.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text