Одличен рецепт за мафини со кој ќе бидете презадоволни.
Состојки:
- 1,5 шолји млеко
- 6 лажици растопен путер
- 2 јајца
- 1,5 шолји бело брашно
- 1,5 шолји палента
- 2 лажици прашок за пециво
- 200 гр сирење по избор (може и фета)
- сусам
Начин на подготовка:
- Згрејте ја рерната на 200 степени.
- Во голем сад измешајте млеко јајца и растопен путер.
- Додајте брашно, палента, прашок за пециво, сол и шеќер. Дoколку сакате можете да додадете сирење веднаш, но исто можете во секој калап за мафини нахнадно да ставите коцки сирење.
- Излејте ја измешаната смеса во калапи за мафини, посипете со сусам, а потоа печете околу 20 минути.
- Освен сирење во мафините можете да додадете и салама, суво месо, суџук.
На здравје!