Оваа чорба од домати и ориз е едноставна, но многу вкусна.
Состојки:
- две лажици масло
- главица кромид
- поголем морков
- лажица шеќер
- две лажици оцет
- 400 гр домат пелат
- литар бистра супа
- 150 гр ориз
- со, бибер, магдонос
Начин на подготовка:
- Во тава загрејте го маслото, па пропржете го ситно исечканиот кромид. Додадете го изренданиот морков, измешајте минута-две, па додадете сол, бибер, шеќер и оцет.
- Мешајте уште една минута, па додадете ги исечканите домати, бистрата супа и оризот. Покријте и варете, мешајќи, уште половина час или додека оризот не биде готов. Послужете додека е топло.
Добар апетит!