Компир пире со полнети печурки од рерна: Едноставен оброк кој ќе ги воодушеви сите

Компир пире со полнети печурки од рерна: Едноставен оброк кој ќе ги воодушеви сите

Едноставен оброк кој ќе ги воодушеви сите.

Состојки:

  • 700 гр компири
  • 50 гр путер
  • 300 гр печурки
  • 200 гр тврдо сирење
  • 50 гр мајонез
  • 50 гр шунка
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр кисела павлака
  • 1 домат
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги, а потоа посолете ги, додадете путер и испасирајте. Ставете во тепсија и израмнете. 
  2. Измешајте павлака со рендано сирење (100 гр.) и премачкајте преку компирите. 
  3. Одвојте ги главите и дршките од печурките, па исечкајте ги дршките. Додадете им сечкана шунка, лук, мајонез и рендано сирење (100 гр.). Сè добро измешајте. Наполнете ги печурките и ставете ги во тепсијата. Посипете со сечкани домати и магдонос и печете на 180 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text