Вкусен ручек: Рижото со телешко месо

Вкусен ручек: Рижото со телешко месо

Прилично брзо подгответе вкусен ручек од месо и ориз.

Состојки:

  • 300 гр телешко месо
  • сол
  • 50 мл масло
  • 100 гр кромид
  • 400 гр ориз
  • 1 лажица доматно пире
  • супа или зовриена вода
  • 30 гр тврдо сирење

Начин на подготовка:

  1. Телешкото исечкајте го на парчиња со средна големина и посолено динстајте го на пропржен кромид околу половина час, додека не биде на половина меко.
  2. Додајте ориз, повторно пропржете и залијте со толку вода колку што има ориз и месо. Измешајте домат, посолете и динстајте 20 минути без мешање. Кога оризот ќе биде готов, посипете со изрендано сирење.

Добар апетит!

singlepost_text