Чоколадни колачиња со вишни

Чоколадни колачиња со вишни

Брзо и лесно се прават, а многу се вкусни!

Состојки:

  • 40 вишни
  • 100 гр чоколадо
  • 200 гр мелени бисквити
  • 6 лажици ликер од вишни
  • глазура од чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Растопете го чоколадото и додајте мелени бисквити и сѐ измешајте со малку ликер од вишни.
  2. Добро стиснете ја смесата и со раце правете топчиња, кои ги формираме околу вишните во средина.
  3. По формирањето, топчињата прелијте ги со чоколадна глазура.

Уживајте!

singlepost_text