Трик за поховање на месо: Подготвено на овој начин ќе биде помалку масно

Трик за поховање на месо: Подготвено на овој начин ќе биде помалку масно

Месото поховано во рерна ќе биде исто толку вкусно и крцкаво, а нема да биде масно како кога се подготвува во длабоко масло на шпорет. На овој начин можете да подготвите секаков вид на месо, но и зеленчук како тиквички, карфиол..Постапката е следна: Прво вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Потоа подгответе го месото кое сакате да го јадете на вообичаен начин, на пример, извалкајте го месото во брашно, јајца и на крај во презла. Веднаш подгответе ги сите парчиња што планирате да ги поховате.

Во плех ставете малку масло, колку да се премачка дното и ставете го во загреана рерна. Држете кратко, само да се загрее маслото, па ставете ги парчињата подготвени за печење и одозгора премачкајте ги со масло. На половина од печењето превртете ги парчињата на другата страна.

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text