Пилешко месо со компири и шампињони во бешамел сос.
Состојки:
- 3 мали компири
- 1 праз
- 500 гр пилешки гради
- 200 гр шампињони
- 150 гр кашкавал
- маст
- сол
- италијанска мешавина од зачини
- 50 гр путер
- 30 гр брашно
- 500 мл ладно млеко
- 40 гр пармезан
Начин на подготовка:
- Ставете да се готват компири во лушпа. Издинстајте печурки. Кога ќе бидат готови тргнете од оган. Додајте праз, малку пропржете, посолете и додајте пилешко месо. Посолете и додајте мешавина од зачини.
- Вратете ги шмапињоните. Направете бешамел. Во тенџере ставете путер, додајте брашно, малку пропржете и додајте ладно млеко, додајте рендан кашкавал. Прелијте го месото со бешамел сос, измешајте, ставете во намастен плех и посипете со пармезан.
- Печете на 180 степени 35 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот