Стапчиња од компир пире и сирење

Стапчиња од компир пире и сирење

Направете пире од компири и додадете му сирење, ќе добиете фантастични стапчиња.

Состојки:

  • 400 гр компири
  • 90 гр чедар или малку тврдо сирење
  • 90 гр пченкарен скроб
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги, па испасирајте ги. Додадете рендано сирење и пченкарен скроб, па соединете.

     

  2. Тестото ставете го во поголема кеса со патент, а потоа расукајте со сукало. Ќе добиете правоаголно тесто. Исечете ја кесата и исечкајте тенки стапчиња. Така сите ќе бидат еднакви. Пржете во многу масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text