Пробајте го овој рецепт за вкусен десерт.
Состојки:
- 250 гр тестенини
- 100 гр гриз
- 100 гр суво грозје
- 1 лажица мед
- 1 банана
- 50 гр сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Сварете ги тестенините и процедете ги. Во тава ставете малку масло, па додадете го гризот и на тивок оган пропржете го гризот да добие крем боја. Додадете мед и малку вода.
- Ставете преку тестенините и измешајте. Додадете суво грозје потопено во рум, банани и ореви.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи