Пирето е еден од најпопуларните прилози кај нас.Доколку сакате секој пат да успее и да биде совршено кремасто, имаме трик за вас!
Тајната лежи во коцка за супа – а во зависност од тоа кое месо ќе го послужите со пирето, можете да користите говедска или пилешка коцка.
Зачините од коцката за супа ќе го подобрат вкусот на компирот, а благодарение на нив пирето ќе биде покремасто.
Рецепт: Во зовриена вода додадете малку морска сол и коцка за супа, и гответе ги компирите на вообичаен начин. Кога ќе се сварат компирите, додадете малку путер и млеко и изгмечете како сакате, со жица или миксер.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи