Чоколаден колач без јајца, млеко и маргарин: Воздушест и сочен, се топи во уста

Чоколаден колач без јајца, млеко и маргарин: Воздушест и сочен, се топи во уста

Чоколаден колач кој не содржи јајца, маргарин и млеко, а подеднакво е сочен и се топи во устата.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 8 гр ванилин шеќер
  • 12 гр прашок за пециво
  • 5 лажици какао во прав
  • 300 мл вода
  • 120 мл масло
  • прстофат сол
  • кора од портокал
  • нутела

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер, па додајте го прашокот за печиво и малку сол и измешајте сè. Додадете какао, прелијте со вода и масло и сè убаво измешајте за да добиете глатка смеса.

     

  2. Изрендајте ја кората од портокал на најситно ренде. Излејте во калап, претходно премачкан со малку путер. Се пече во рерна на 180 степени најмногу 40 минути. Кога малку ќе се излади, префрлете на чинија и одозгора премачкајте го со нутела.

Уживајте!

https://youtu.be/X1ovgIhoR_A

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text