Вкусни и здрави плескавици од зеленчук.
Состојки:
- 300 гр компири
- 150 гр моркови
- 3 црвени пиперки
- 150 гр сирење
- 1 јајце
- 2 лажици сечкан магдонос
- 1 лажица сол
- бибер
- зачин
Начин на подготовка:
- Компирите и морковите згответе ги и пропасирајте ги. Додајте сечкани пиперки, изгмечено сирење и јајце.
- Додајте ги останатите зачини, кратко разматете со миксер. Ако е премногу меко додајте трошки.
- Направете плескавици, панирајте и пржете.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи