Вкусна супа со пилешко месо…
Состојки:
- 2 парчиња пилешки гради
- сечкан целер
- 2 сечкани моркови
- 2-3 лажици брашно
- 2 лажички сечкан лук
- 1 гранче темјан
- 4 компири исечкани на коцки
- 800 мл пилешка супа
- 250 гр крем павлака
- 3 лажици путер
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во тенџере растопете путер на средна температура и издинстајте праз, морков и целер 3-5 минути. Потоа посипете со брашно, измешајте, па додајте пилешко месо, лук и темјан, посолете и побиберете и кратко пропржете.
- Додајте компири, прелијте со супа, поклопете и гответе на умерена темпратура неколку часа.
- На крај измешајте крем павлака и гответе уште 15-20 минути. Послужете со леб запечен во рерна, посипен со кашкавал.
Добар апетит!