Лепчиња во калапи за мафини

Лепчиња во калапи за мафини

Мирисот на домашно печиво ќе ве освои…

Состојки:

  • 300 мл млака вода
  • 15 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 450 гр лебно брашно
  • малку сол
  • 1 лажица интегрално пченично брашно
  • 2 лажици ленено семе

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во вода, додајте две лажици брашно и шеќер па кога ќе запени додајте го остатокот од брашното, сол, интегрално брашно и ленено семе.
  2. Замесете глатко тесто, покријте и оставете да одмара околу 30 минути на собна температура. Нараснатото тесто ставете го на побрашнета маса и изработете со раце во облик на векна.
  3. Исечкајте го на мали парчиња и со раце обликувајте мали топчиња. Наредете ги во калапи за мафини и оставете да нарасне.
  4. Печете на 180 степени 40-45 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text