Слатките крофни се идеално решение доколку ви се јаде нешто слатко.
Состојки:
- 20 гр шеќер
- 30 гр путер
- 300 мл вода
- 200 гр брашно
- 1 јајце
- прстофат сол
Начин на подготовка:
- Во тенџере ставете шеќер, путер, прстофат сол и налијте вода, па загрејте на рингла додека сè се растопи со повремено мешање.
- Додадете го брашното и соединете сè за да добиете глатко тесто. Додадете го целото јајце и измешајте во смесата.
- Ставете го тестото во шприц и направете помали тркалезни корпички. Оставете да отстојат околу 10 минути. Пржете ги во загреано масло од двете страни додека не поруменат. По желба извалкајте ги во шеќер во прав.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта