Здрави крофни од банана и јаболко

Здрави крофни од банана и јаболко

Направете здрав и вкусен оброк!

Состојки:

  • 2 банани
  • 1 шолја пире од јаболка (за замена можете да измиксате свежо јаболко)
  • 1/8 мала шолја масло
  • 1 лажичка ванила
  • 1 јајце
  • 2 лажички мед
  • 1/4 мала шолја кокосово брашно
  • 3/4 мала шолја бадемово брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Измиксајте банани и јаболка во глатка смеса. Додајте масло, ванила, јајце, мед и мешајте додека смесата не се поврзе.
  2. Во друг сад измешајте кокосово и бадемово брашно, сода бикарбона, цимет и сол, па оваа мешавина додајте ја во првиот сад и сè темелно измешајте.
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете калап за крофни, наполнете го со смесата за крофни, но не до самиот врв, оставете малку место. Печете петнаесетина минути.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text