Макарони во сос од шампињони за 10 минути

Макарони во сос од шампињони за 10 минути

Ако сте љубител на тестенини, испробајте го овој рецепт.

Состојки:

  • 500 гр макарони по ваш избор
  • 2 чаши кисела павлака Пекабела
  • 300 гр шампињони
  • 150 гр мисиркина салама

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете доволно вода да ги прекрие макароните и ставете две лажички сол. Откако макароните ќе бидат зготвени, процедете ја водата и вратете ги во тенџере.
  2. За сосот, шампињоните лесно спржете ги на маслиново масло, не повеќе од 5 минути.
  3. Саламата исечкајте ја на ситни коцки. Во сад ставете две чаши павлака и добро измешајте со шампињоните и саламата. Сосот прелијте го со макароните и соединете ја смесата.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

singlepost_text