Ароматичен намаз од печурки

Ароматичен намаз од печурки

Ароматичен намаз од печурки.

Состојки:

  • 500 гр шампињони
  • 50 мл бело вино
  • малку маслиново масло
  • 1/2 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • бибер
  • сол
  • малку мајчина душица
  • малку сечкан магдонос
  • 1 полна лажица путер
  • 2 лажици сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. На маслиново масло издинстајте кромид, па додајте шампињони исечкани на листови, а потоа и лук. Посолете, побиберете, додајте бело вино и динстајте додека шампињоните не омекнат и течноста не испари.
  2. Потоа иситнете ги во блендер или измиксајте ги со миксер, заедно со путер, мајчина душица, сечкан магдонос и сок од лимон.
  3. Изладете и послужете го овој вкусен намез со парчиња тост леб.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Неверојатен рецепт со кој може да ги оставите цигарите

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

 

singlepost_text