Вкусни ражничи од зеленчук прелиени со маринада

Вкусни ражничи од зеленчук прелиени со маринада

Вкусни ражничи од зеленчук, прелиени со маринада од лук, маслиново масло, магдонос…

Состојки:

  • домат
  • модар патлиџан
  • тиквица
  • кромид
  • компир
  • морков
  • пиперки црвени и жолти
  • фета сирење

Состојки за маринада:

  • 2 чешниња лук
  • 1/2 веза лист магдонос
  • 1/2 дл масло
  • сол
  • половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Измијте го зеленчукот и исечкајте го на покрупни парчиња. Нанижете на стапчиња да биде шаренолико, сирење ставете на едно до две места на стапче.
  2. Редете на тепсија со хартија за печење, посолете, пропрскајте со масло и сок од лимон. Прекријте со фолија и печете околу 45 минути на 220 степени.
  3. Направете маринада, исечкајте лук, магдонос и измешајте ги со масло, сок од лимон, посолете.
  4. Печениот зеленчук премачкајте го со малку маринада и послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text