Неодоливи слатки прженици, брза подготовка.
Состојки:
- 4 парчиња стар леб
- чоколаден крем
- банани
- 150 мл млеко
- 1 лажичка шеќер
- 1 јајце
- презла
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Со чоколаден крем намачкајте ги парчињата леб, преку наредете банани исечкани на кругови и покријте со друга половина леб.
- Млекото засладете го и додајте разматено јајце. Споените парчиња леб потопете ги во млеко со јајце, а потоа во презла. Пржете на масло од двете страни.
- Додека се уште се топли, посипете ги со шеќер во прав и послужете со млеко.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега