Чоколаден колач кој брзо се подготвува, а се јаде уште побрзо.
Состојки:
- 150 гр шеќер
- 100 мл млеко
- 20 мл масло
- 80 гр путер
- 8 гр ванилин шеќер
- 4 лажици пченкарен скроб
- 5 лажици брашно
- 1,5 лажици какао во прав
- 50 гр суво грозје
- 50 гр сечкани ореви
Начин на подготовка:
- Во тенџере ставете го шеќерот заедно со млекото, маслото, путерот и ванилиниот шеќер и сè гответе со лесно мешање додека не добиете глатка маса.
- Кога ќе зоврие додадете ги пченкарниот скроб, брашното и какаото.
- Продолжете со готвење и мешање додека целосно не се згусне.
- Во изладената смеса додајте суво грозје и ореви.
- Истурете во тепсија, претходно обложена со фолија, која исто така ќе го покрие горниот дел.
- Оставете 2 часа во фрижидер да стегне.
- Кога е доволно тврдо, извадете ја фолијата и исечете ја на парчиња.
Уживајте!
https://youtu.be/FLrM–rqZg4
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот