Крцкави од надвор, а внатре вкусен фил: Поховано пилешко од рерна подготвено со двојно помалку масло

Крцкави од надвор, а внатре вкусен фил: Поховано пилешко од рерна подготвено со двојно помалку масло

Поховано пилешко од рерна подготвено со двојно помалку масло.

Состојки за ролни:

  • 400 гр пилешки гради
  • 10 гр сол
  • 5 гр бибер
  • 6 листови пршута
  • 1 домат
  • 150 гр моцарела
  • 20 гр свеж босилек

Состојки за пох:

  • 100 мл млеко
  • 1 јајце
  • 5 гр сол
  • 2 гр бибер
  • 100 гр презла
  • 20 мл маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исчукајте ги, зачинете, преку ставете парче пршута, домат, свеж босилек и коцка моцарела. Свиткајте како мини ролат. 
  2. Измешајте млеко и јајца, зачинете, па во добиената смеса потопете го пилешкото. После тоа убаво извалкајте во презла и редете во огноотпорен сад. Прелијте со маслиново масло и печете 30 минути во рерна на 180 степени.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text