Брзи солени мафини со сирење: Идеални се како славско предјадење, сите ги сакаат, а лесно се прават

Брзи солени мафини со сирење: Идеални се како славско предјадење, сите ги сакаат, а лесно се прават

Солените мафини со сирење можат да бидат одлична замена за леб.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 50 мл масло
  • 150 гр кисела павлака
  • 200 гр ситно сирење
  • 180 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Посолете ги и изматете ги јајцата. Потоа додадете го маслото и продолжете со матење. Додадете го сирењето и павлаката, па соединете со миксер. На крај додадете го просеаното брашно со прашокот за печиво и измешајте. Во калап за мафини ставете хартиени калапи и истурете ја смесата. Посипете со сусам и печете на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

singlepost_text