Вкусни пикантни плескавици

Вкусни пикантни плескавици

Вкусни плескавици кои ќе ги правите често!

Состојки:

  • 1/2 кг мелено месо
  • 1 свежа лута пиперка
  • 2 јајца
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажици кечап
  • 2 лажички сенф
  • 6 лажици презла
  • 2 лажички црвена пипер
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • сув зачин
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Свежата пиперка, кромидот и лукот исечкајте ги на што поситни коцки.
  2. Во длабок сад ставете мелено месо, па додајте јајца, кечап, сенф, печиво, презла, пипер, зачин и бибер (количина по желба), како и исечкана пиперка, кромид и лук. Сè добро замесете со раце. Месете додека сите сосотјки не се соединат. Оставете во фрижидер околу еден час.
  3. Извадете од фрижидер и формирајте плескавици. Пржете ги на масло или во грил тава. Послужете со салата по избор.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text