Вкусни пилешки ражничи

Вкусни пилешки ражничи

Брзо и лесно подгответе вкусни маринирани ражничи…

Состојки:

  • парче пилешко филе
  • 1 главица кромид
  • 2 пиперки

Состојки за маринада:

  • 3-4 лажици соја сос
  • 3-4 лажици мед
  • сок од 1/2 лимон
  • сол
  • оригано
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Прво подгответе маринада така што ќе ги измешате сите состојки. Потоа исечкајте го пилешкото на коцки, ставете во маринадата и измешајте. Маринираното пилешко ставете го во фрижидер да отстои 2-3 часа.
  2. Исечкајте го кромидот и пиперките на големи парчиња и почнете да ги подготвувате ражничите. Редете месо, кромид, пиперки и друг зеленчук по желба, повторно месо па зеленчук, водејќи сметка да завршите со месо. Вака подготвените ражничи печете ги на грил тава.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text