Брза чорба од домати: Потребни ви се само 2 состојки и зачини

Брза чорба од домати: Потребни ви се само 2 состојки и зачини

Брза и вкусна чорба од домати.

Состојки:

  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 500 мл сок од домати
  • 200 мл вода или по потреба (во зависност од тоа колкава густина сакате)
  • листови магдонос
  • сол, зачин и бибер по вкус
  • резанки

Начин на подготовка:

  1. На малку маст пропржете го кромидот. Потоа додадете пипер и ставете ги сокот од домати и водата. Додадете сол, зачини и бибер по вкус. Гответе на тивок оган 20 минути. Ако доматот е кисел, додадете малку шеќер. Згответе ги тестенините во чорбата. На крај додадете магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text