Брзи погачици без квасец и без чекање да нарасне: Готови за 20 минути

Брзи погачици без квасец и без чекање да нарасне: Готови за 20 минути

Рецепт за брзи погачици…

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 4 лажици путер
  • 4 лажици прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 шолја јогурт

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени, истурете ги сите состојки во сад освен јогуртот. Со раце стиснете ги коцките путер за да се измешаат со брашното и другите состојки. Кога ќе добиете добра смеса, ставете јогурт и измешајте со вилушка.

     

  2. Расукајте го тестото, па преклопете го, па повторно развлечете го и повторете го овој процес четири пати. Сега расукајте го до дебелина од еден сантиметар и со чаша извадете погачици. Печете ги на плех на кој сте ставиле хартија за печење, десет до 12 минути.

     

  3. Во овие погачици можете да додадете сирење, зеленчук исечкан на коцки, шунка или други вкусни додатоци.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Ултра брзи пица мафини

Мафини од банани

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

singlepost_text