Сочни свински медаљони во сос од сирење

Сочни свински медаљони во сос од сирење

Сочно месо подготвено на скара прелиено со сос од сирење…

Состојки:

  • 1 кг свински медаљони
  • 20 гр путер
  • 150 гр горгонѕола
  • 200 мл павлака за готвење
  • 100 гр свежо крем сирење
  • копар
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги медаљоните на дебелина од 3-4 см, посолете ги, а горгонѕолата исечкајте ја на коцки. Во тава на растопен путер ставете го сирењето, додајте павлака и повремено мешајќи гответе додека сирењето не се растопи.
  2. Потоа додајте крем сирење и мешајте додека не добиете едноличен сос без грутки. Додајте копар, измешајте и тргнете го сосот од оган.
  3. Медаљоните испечете ги на скара. Готовите медаљони ставете ги во чинии, па прелијте ги со сос. Послужете со грилован зеленчук.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

 

singlepost_text