Традиционален рецепт за сарма

Традиционален рецепт за сарма

Потсетете се на традиционалниот рецепт на нашите баби за вистинска сарма!

Состојки:

  • 1 главица кисела зелка
  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • ориз
  • 100 гр сланина Пекабеско
  • 1 јајце
  • 2 лажички пипер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте кромид и лук и измешајте со сечкана сланина, мелено месо и ориз.
  2. Додајте во смесата јајце, пипер, сол и бибер и сè добро измешајте.
  3. Листовите кисела зелка измијте ги со вода, а потоа на средина на лист ставете фил и свиткајте од коренот кон врвот.
  4. Со остатокот од листовите обложете го тенџерето во кое ќе ги готвите сармите. Наредете свитканни сарми и прекријте ги со листови зелка.
  5. Садот во кој ќе готвите налијте го со вода додека не ги прекрие сармите.
  6. Гответе на слаб оган најмалку еден час.

 

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text