Вкусен ручек: Рижото со печурки

Вкусен ручек: Рижото со печурки

Предлог за вкусен ручек.

Состојки:

  • 300 гр буковки
  • 1 главица кромид
  • 1 рендан морков
  • 1 рендан пашканат
  • 100 гр ориз
  • зачини
  • масло
  • вода

Начин на подготовка:

  1. Оризот добро измијте го па оставете го во вода околу еден час. Во тава издинстајте кромид на малку масло. Додајте рендан морков и пашканат. Издинстајте. Додајте ситно сечкани печурки. 
  2. После десетина минути додајте измиен ориз. Сѐ издинстајте, измешајте, додајте зачини и налијте вода. Нека крчка околу 15 минути.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

singlepost_text