Посна бајадера – вкусен колач за посни денови

Посна бајадера – вкусен колач за посни денови

Вкусен колач за посни денови.

Состојки:

  • 200 гр мелени посни бисквити
  • 100 гр мелени ореви
  • малку сок од портокал
  • 100 гр посно чоколадо
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр посен маргарин
  • 100 гр посно чоколадо за прелив
  • 2-3 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Изблендирајте бисквити и ореви, па соединете. Додајте растопен маргарин, шеќер во прав и малку сок. Со раце добро изедначете. Поделете на половина. 
  2. Во еден дел додајте растопено чоколадо, па измешајте. На мала тацна ставете прво чоколаден дел, па убаво раширете со шпатула. Преку ставете светол дел, па и него распоредете и израмнете. Прелијте со растопено чоколадо во кое сте додале малку масло. Оставете добро да стегне во фрижидер. Сечете кога ќе се излади.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

singlepost_text