Необична мусака со спанаќ и пилешко

Необична мусака со спанаќ и пилешко

Необична, а вкусна мусака…

Состојки:

  • 400 гр пилешки гради
  • 100 гр бланширан ситно сечкан спанаќ
  • 1 помала главица кромид
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 100 мл јогурт
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • мускатно оревче

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на коцки и ставете го во огноотпорен сад, па во рерна на 200 степени додека не биде до половина печено. За тоа време ситно исечкајте кромид и издинстајте го на вода. Додајте бланширан спанаќ, динстајте кратко, зачинете па додајте го пилешкото од рерна.
  2. Сè добро измешајте, тргнете од шпорет, па сè повторно вратете во огноотпорниот сад. Разматете јајца со млеко и додајте јогурт. Прелијте преку спанаќот и пилешкото, измешајте, ставете во рерна да се пече уште околу половина час на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text