Калоричен и вкусен доручек: Полнети пирошки

Калоричен и вкусен доручек: Полнети пирошки

Печиво кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 помали компири
  • 25 гр квасец
  • 2 жолчки
  • 300 мл млеко
  • 300 гр брашно
  • 30 мл мајонез
  • 20 мл кечап
  • 1 лажичка оригано
  • 40 гр шунка
  • маст

Начин на подготовка:

  1. Згответе компири во лушпа. Активирајте квасец во малку топло млеко, лажичка шеќер и лажичка брашно. Оставете на топло квасецот да надојде, а потоа измешајте квасец и варени компири. Додајте жолчки, додајте млеко, ставете брашно, месете прво со лажица, па со раце. 
  2. Оставете го тестото 30 минути, потоа премесете. Исечкајте го тестото на правоаголници, направете фил од мајонез, кечап и оригано. Додајте шунка и кашкавал, па свиткајте и исечкајте на половина. Пржете на слаб оган додека не поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text