Фантастично предјадење од лиснато тесто полнето со сирење и шунка.
Состојки:
- 100 гр тврдо сирење
- 50 гр сенф
- 100 гр шунка
- 500 гр лиснато тесто
- 100 гр кисели краставички
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Премачкајте лиснато тесто со сенф, но на еден крај оставете 2-3 см. Наредете шунка, па сирење преку и потоа сечкани по должина кисели краставички.
- Свиткајте и премачкајте со разматено јајце делот кој не сте го намачкале со сенф и убаво затворете од страните. Премачкајте со јајце и печете на 180 степени околу 25 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи