Вкусна скара: Маринирано пилешко

Вкусна скара: Маринирано пилешко

Вкусно пилешко на скара…

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 3 лажици концентриран домат
  • 1 лажица кумин во прав
  • 1 парче изрендан ѓумбир
  • сок од 1 лимета
  • 2 чешниња изгмечен лук
  • прстофат чили во прав
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го, исчистете го и засечете го на неколку места. Измешајте доматен концентрат, кумин, ѓумбир, сок од лимета, лук, чили, сол и бибер. Ставете ги филетите во маринада, поклопете и оставете во фрижидер на два часа. Од време на време промешувајте. 
  2. Филетите префрлете ги на решетка за скара и печете на средно силен оган од секоја страна додека убаво не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text