Оригинален рецепт за кафанска чорба

Оригинален рецепт за кафанска чорба

Кремаста и вкусна чорба по рецепт на старите кафански кувари!

Состојки:

  • 4 пилешки крилца
  • 1 мала главица кромид
  • 2 моркови
  • малку корен целер
  • 1 корен магдонос
  • 1/2 свежа црвена пиперка
  • 1 лажица сечкан копар
  • 1 коцка за пилешка супа
  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко
  • ситна тарана по потреба
  • сол
  • бибер
  • сечкан магдонос
  • сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте кромид, ставете во тенџере и издинстајте на малку вода. Крилцата пресечете ги на половина и додајте ги во кромидот. Сè заедно издинстајте со кромид. Ставете вода, додајте коцка за супа па по ред додавајте: моркови исечкани на кругови, корен од магдонос и целер исечкан на ситни коцки. Пиперката исто така исечкајте ја на што поситни коцки и на крај додајте ситно сечкан копар. Поклопете и гответе додека месото и зеленчукот не омекнат.
  2. По потреба додајте ситна тарана и гответе уште некоја минута. На малку масло направете лесна запршка од брашно и црвена пипер, додајте во чорбата и оставете малку да отстои. Тргнете од шпорет, оставете отклопено десетина минути па додајте разматена жолчка со млеко и брзо измешајте. По потреба и вкус додајте сол, бибер и малку листови магдонос.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text