Супа со црвен грав на индонезиски начин

Супа со црвен грав на индонезиски начин

Рецепт за вкусно јадење од месо, кромид и зачини…

Состојки:

  • 200 гр црвен грав
  • 150 гр грашок
  • 100 гр морков
  • 500 гр јунешко + 2 јунешки коски од ребра
  • помала главица кромид
  • 100 гр праз
  • 4 чешниња лук
  • 3-4 тенки парчиња ѓумбир
  • 1/2 мускатно оревче
  • 3 каранфилчиња
  • 2 лажички сол
  • 1-2 лажички шеќер
  • бел бибер
  • 300 мл варени домати
  • листови целер
  • 150 гр путер или масло

Начин на подготовка:

  1. Јунешките ребра исечете ги на помали парчиња, месото исечкајте го на коцки, но нека остане и малку на коските. Ставете во лонец со доста вода и гответе додека не омекне. Посебно згответе грав и грашок.
  2. Кога месото ќе омекне додајте измешан кромид, лук, ѓумбир, сечкан праз, кој добро сте го пропржиле на путер.
  3. Ставете веднаш во готвениот грав и грашок, изрендано мускатно оревче, каранфилче, варени домати. Гответе уште 15 минути, додајте и листови целер, посолете, побиберете по вкус и послужете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text