Салата од пилешко месо и сусам

Салата од пилешко месо и сусам

Лесно јадење кое ќе ве воодушеви…

Состојки:

  • 400 гр пилешки гради
  • 100 гр сусам
  • 200 гр кикирики
  • 200 гр кисели краставички
  • 800 мл кисела павлака
  • сол
  • бибер
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Обварете ги пилешките гради и исцедете ги, па кога ќе се изладат исечкајте ги во блендер. Во блендер исечкајте и кикирики.
  2. Сусамот пропржете го на сува тава мешајќи додека не добие златножолта боја. Киселите краставички исто така исечкајте ги во блендер, па ставете ги малку да се исцедат.
  3. Сите состојки измешајте ги, па додајте и кисела павлака за убаво да се поврзе. Посолете, побиберете, додајте сок од половина лимон и добро измешајте.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text