Совршен колач кој се прави од состојки кои сите ги имаме во кујна.
Состојки:
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша млеко
- 1 чаша масло
- 1 чаша кокос
- 2 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за печиво
- 100 гр чоколадо за глазура
- 3 лажици масло за глазура
Начин на подготовка:
- Во сад соединете ги состојките по редослед. Добро измешајте, а потоа излејте во плех намастен со малку масло.
- Плехот треба да биде со големина од 20х17 см. Печете на 180 степени околу 30 минути.
- Растопете чоколадо на малку масло и прелијте преку печениот колач. Оставете да се излади и стегне.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта