Брза подготовка: Посна бајадера

Брза подготовка: Посна бајадера

Брза подготовка, фантастичен вкус!

Состојки за темен дел:

  • 1 дл вода
  • 150 гр шеќер
  • 125 гр посен маргарин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кафена лажица какао
  • 300 гр мелени посни бисквити

Состојки за светол дел:

  • 1 дл вода
  • 150 гр шеќер
  • 125 гр посен маргарин
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 гр мелени бисквити
  • 100 гр кокосово брашно

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки, за темниот дел, освен какао и бисквити, ставете ги во тенџере и гответе додека не се растопат. Веднаш тргнете го тенџерето од шпорет и оставете 5 минути да се излади. Потоа измешајте прво какао, па мелени бисквити. Оваа маса ставете ја на дно на калап или тепсија и израмнете. Ставете ја во фрижидер малку да стегне, околу 10 минути.
  2. За темниот дел, повторете ја истата постапка како и кај претходниот фил, а на крај додајте само бисквити и кокос.
  3. Овој светол дел премачкајте го преку темниот и оставете го во фрижидер да стегне околу 2-3 часа. Сечете парчиња, па по желба украсете со посно чоколадо или кокос.

Повеќе на Готви.мк:

Салата со маслинки и кубети

ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text