Вкусни и сочни батаци подготвени на скара.
Состојки:
- 5-6 помали пилешки батаци
- 50 гр путер
- 1 чешне лук
- 1 лажица сечкан магдонос
- сол
- сув зачин
- 3 лажици сок од лимон
- 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Исчистените и измиени батаци на неколку места засечете ги со нож. Путерот растопете го и додајте сув зачин. Премачкајте ги батаците.
- Исчистете кромид и лук, додајте магдонс и масло па измешајте во блендер. Со добиената смеса истријте ги батаците и оставете ги да отстојат 30 минути. Потоа префрлете ги на скара и печете ги од сите страни додека не поруменат. Готовите батаци пропрскајте ги со сок од лимон и веднаш послужете.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта