Вкусна и брза пита со сирење…
Состојки:
- кори за пита
- 400 гр сирење
- 2 дл масло
- 2 дл кисела вода
- 2 јајца
- 15 гр свеж квасец
- сусам по желба
Начин на подготовка:
- Во сад ставете масло, кисела вода и издробен квасец и почекајте квасецот да надојде.
- Изгмечете сирење, додајте јајца, соединете со надојдениот квасец и оставете 15 минути да отстои.
- Корите поделете ги на два дела и секоја премачкајте ја со фил, свиткајте во ролат, сечете на 2 см и со пресечената страна ставете во плех. Посипете со сусам и оставете да отстои додека рерната се загрее.
- Печете 30 минути на 200 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви