Пилешко месо со кашкавал и сланина

Пилешко месо со кашкавал и сланина

Едноставен рецепт, фантастичен вкус…

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • 100 гр свински врат Пекабеско
  • 1 коцка кашкавал
  • 200 гр сланина Пекабеско
  • стапчиња за ражничи
  • сув зачин
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Парчињата месо исчукајте ги, побиберете и посипете ги со сув зачин, кашкавалот свиткајте го во парчиња свински врат, а потоа ставете во парчињата месо и свиткајте. 
  2. Околу пилешкото ставете тенки листови сланина. Така свиткани прободете ги со стапчиња за скара. Печете на електрична скара или тефлонска тава без масло. 
  3. Послужете со печен компир и салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text